четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 165
home Вести

Драма во тетовската болница: Пациент со психички проблеми го истепал докторот

Драма во тетовската болница: Пациент со психички проблеми го истепал докторот

Лекар од Клиничката болница во Тетово вчера бил нападнат од пациент кој бил донесен на Психијатриското одделение за преглед. Пациентот бил крајно агресивен и успеал на трипати да го удри докторот пред да биде совладан од роднините кои дошле со него и од медицинскиот персонал, а набрзо дошла и полицијата, пренесе СДК.МК.

„Вчера во 8.25 часот 47-годишен лекар од тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавил дека на Психијатриското одделение физички бил нападнат од 32-годишниот пациент К. И. од тетовско Боговиње, по што бил смирен и испратен за хоспитализација во скопска болничка установа“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според болнички извори, пациентот кој и претходно имал психички проблеми и се лечел по приватни здравствени установи, утрото бил донесен од таткото, братот и сопругата на преглед во психијатриското одделение на Тетовската болница. Во еден момент, додека траел прегледот го нападнал докторот. Првин на двапати со клоци го удрил по стомакот, а потоа му задал удар и по надколеницата. На ова, веднаш реагирале од семејството и успеале да го спречат пациентот  и понатаму да го удира докторот, а на помош притрчал и медицинскиот персонал.

Била повикана и полицијата. Пациентот набрзо бил смирен и со болничко возило бил однесен во Скопје во соодветна здравствена установа. По инцидентот, нападнатиот доктор поднел пријава до СВР Тетово дека бил нападнат од пациент.

Коронавирус