среда, 2. декември 2020. Вести денес: 193
home Вести

Драган Ковачки: Шекеринска изложува на опасност високи армиски структури во обид за себе промоција

Драган Ковачки: Шекеринска изложува на опасност високи армиски структури во обид за себе промоција

На јавната прес конференција на Радмила Шекеринска од тетовската касарна каде околу себе на 1 квадратен метар имаше збиено неколкумина високи армиски претставници како и новинари, таа упати апел за почитување на препораките на Министерството за здравство и на нејзиниот колега Министер од редовите на СДСМ Венко Филипче.

За ваквата постапка на Министерката Радмила Шекеринска во јавност реагираше Полковникот Драган Ковачки кој ја прозва Шеќеринска за нејзиното незнаење и желба за промоција во време на криза на штета на здравјето на луѓето околу нејзе.

Во продолжение ја пренесуваме неговата реакција:

„Честитам” на Шекеринска за нејзиното незнаење и непочитувањето на препораките на @WHO. Изложување на опасност на високи армиски структури, новинари и желба за промоција само говори за нејзиниот менталитет. Препорачувам да обезбеди заштитни средства за АРМ, стои во неговиот пост на Твитер.

Коронавирус