вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 119
home Вести

Др. Лазаревиќ: Ситуацијата не е под контрола, комисијата за заразни болести не требаше да избрзува со заклучоци

Др. Лазаревиќ: Ситуацијата не е под контрола, комисијата за заразни болести не требаше да избрзува со заклучоци

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Топ тема” гостуваa др. Владимир Лазаревиќ кој изнесе свое видување во однос на кризата која што ја снајде Република Македонија, како и шансите за развивање на туризмот со оглед на пандемијата која сеуште е активна во државата.

Според Лазаревиќ ситуацијата во моментов не е под контрола и смета дека Комисијата за заразни болести не смеела да избрзува со заклучоци околу олабавувањето на мерките бидејќи денеска сме сведоци на нови 52 заболени од Ковид-19. Тој додаде дека доколку во најбрз рок граѓаните не се вразумат, тогаш ќе се вратиме на почетокот на пандемијата што ќе значи враќање на ситуацијата на почетокот.

“Комисијата за заразни болести не смееше да потпадне под ничиво влијание бидејќи и најмала грешка може да биде кобна. Свесни сме дека голем дел од институциите се исполитизирани и донесуваат одлуки по нарачки, но во моментов се соочуваме со пандемија која гледаме дека нема да заврши во брзо време во Република Македонија. Мораме сите да имаме свест и јавна одговорност”, вели Лазаревиќ.

Според др. Лазаревиќ граѓаните на Република Македонија сеуште не можат да бидат сигурни каде би можеле да ги поминат летните одмори и дали би можеле, поради тоа што во државата ситуацијата се изменува на дневна основа и ставовите и законите се менуваат многу лесно и без темелно размислување за суштинскиот проблем, заврши Лазаревиќ.