понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 50
home Вести

ДОЗНАЈТЕ: Колку време штити вакцината против Ковид-19, дали оздравените треба да се вакцинираат?

ДОЗНАЈТЕ: Колку време штити вакцината против Ковид-19, дали оздравените треба да се вакцинираат?

Вакцината против коронавирус, од досега познатото штити од инфекција во период од 6 до 9 месеци. Ова во вчерашното гостување во ТВ21 го истакна министерот за здравство Венко Филипче.

-Останува да видиме како ќе се одвива степенот на имунизацијата, колкав ќе биде титарот и дали можеби ковид-19 ќе помине во форма на некаква сезонска инфекција. Досега се прилично сигурни доказите дека сосема е доволна количината на антителата од вакцината за да го заштитат лицето од инфекција.

На прашањето дали треба да се вакцинираат и луѓето кои прележале Ковид-19 и дали тоа што ја поминале болеста ги штити од повторна инфекција, Филипче потсети дека во изминатиот период гледавме многу различни сценарија во епидемиолошката, клиничката и пост ковид слика. Во смисла на асимптоматски пациенти, пациенти со лесна клиничка слика, средна форма на болеста лица кај кои болеста завршила со летален исход.

Така што и во пост ковид, сценаријата се различни – луѓе со антитела и висок титар, понатаму пациенти со низок титар, луѓе кои прележале и имаат антитела, но повторно се заразиле. Во контекст на ова, Филипче рече и луѓето кои ја прележале болеста можат да се вакцинираат.

ЕУРО 2020

Македонија