среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 140
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Центар

home Вести

Дождот значително ќе ги зголеми водостоите, да се избегнува движење покрај реки

Дождот значително ќе ги зголеми водостоите, да се избегнува движење покрај реки

Врнежите од дожд, кои наместа се очекува да надминат и 50 литри на метар квадратен се очекува да ги зголемат значително водостоите, особено на реките Радика, Сатеска, Коселска и Голема, Треска, Вардар и Црна.

Од УХМР најавуваат дека во западните делови на места се очекува врнежите да надминат и 50 л/м2 и дека во тие делови од земјата се очекуваат значително вискои водостои, полнење на речните корита како и локални излевања.

– Ова особено се однесува на реките Радика, Сатеска, Коселска и Голема (Ресенска) во чии сливови се можни излевања. Исто така, висок водостој и полнење на речното корито се очекува на реката Треска, (каде се можни локални излевања во тој слив, во Пласница и на помалите притоки), а исто така и самата река Треска се очекува да има полно корито. Зголемен водостој се очекува и во горниот дел од сливот на река Црна и на нејзините помали притоки, наведуваат од УХМР од каде додаваат дека според водостојот вчера има простор за полнење.

Висок водостој се очекува и на реката Вардар во нејзиното горно течение, заедно со нејзините притоки во тој дел.

Во источниот дел врнежите се очекува да бидат послаби, но од УХМР велат сепак висок водостој и можни слаби локални излевања се можни во сливот на реките Крива, Кумановска и Пчиња.

Од УХМР предупредуваат на крајно претпазливо и внимателно движење (по можност да се избегнува) покрај реките и суводолиците низ земјава поради опасност од нивно излевање. Ова најмногу се однесува на водотеците во западниот дел од земјата каде врнежите ќе бидат пообилни и има опасност од нивно излевање, но и на тие од источните делови каде се очекуваат високи вредности на водостоите. (МИА)

Локални избори 2021