недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 59
home Вести

Дождливо и ветровито, на планините снег

Дождливо и ветровито, на планините снег

Во земјава денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови каде се очекуваат и ретки грмежи и засилен ветер.

На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголеми снежната покривка. Снег ќе има и на повисоките населени места во западните делови. До крајот на денот врнежите ќе престанат. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната од 5 до 11 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, а попладне врнежите ќе престанат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во вторник, а веќе во следните денови ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините ќе врне снег. Повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места претежно во западните делови. Врнежите на места ќе бидат пообилни, а на планините снежната покривка ќе се зголемува.

Коронавирус