среда, 23. септември 2020. Вести денес: 64
home Вести

Дожд и засилен ветер, температури до 11 степени

Дожд и засилен ветер, температури до 11 степени

Денешниот ден ќе донесе врнежи од дожд се до попладневните часови долж Повардарието, а на планините на запад и на исток врнежите ќе бидат од снег.

Утринава дува слаб претежно северозападен ветер, освен во Ѓуриште каде ветерот е умерен северозападен. Од пладне се очекува умерен до повремено засилен северозападен ветер кој ќе биде најизразен на југоисток, а облачноста ќе се намалува. Температурата ќе се движи од 4 до 11 степени.

Во Скопје претпладне сеуште ќе има повремен слаб дожд, а потоа ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер и облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне до девет степени.

Веќе од утре се очекува стабилно и суво време со магла по котрлините и по речните долини. Во следните два дена, утринските температури ќе бидат пониски, а за време на викендот преку ден, особено на југоисток, ќе достигнуваат и до 15 степени, со исклучок на местата каде со магла.

Коронавирус