сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Дожд и снег, утре обилни врнежи – од недела пораст на температурата

Дожд и снег, утре обилни врнежи – од недела пораст на температурата

Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура, како што информираат од УХМР,  ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната температура од два до 11 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.  Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до осум степени.

Утре ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Во недела и понеделник ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура.

Коронавирус