сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 50
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Вести

Дожд и снег, температура до 15 степени

Дожд и снег, температура до 15 степени

Времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Во ноќните часови снежни врнежи ќе има и на повисоките места.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, а во западните делови повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 6 степени, а дневната од 5 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе достигне до три, а дневната до 10 степени.

Во четврток претпладне се уште  ќе има повремени врнежи кои на повисоки места ќе преминат во снег. Потоа следува период на потопло и стабилно време.

 

Коронавирус