среда, 27. мај 2020. Вести денес: 96
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Дожд, грмежи и засилен ветер- од четврток над 35 степени

Дожд, грмежи и засилен ветер- од четврток над 35 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 18, а дневната од 24 до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

И утре во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток ќе преовладува стабилно и многу топло време со максимални температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени.

Коронавирус