понеделник, 5. јуни 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дожд до петок, за викендот температури до 23 степени

Дожд до петок, за викендот температури до 23 степени

Повеќе врнежи се очекуваат попладне во западните делови од државата каде локално може да наврнат и до 15 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец, особено долж Повардарието и Пелагонија.

Повремени врнежи од дожд ќе има и во текот на утрешниот ден, особено попладне кога поинтензивни ќе бидат во западните и крајните источни делови. Само на повисоките планини ќе има повремен снег. Во јужните делови ќе има услови за локална појава на грмежи.

Во среда се очекува претежно суво време, a во четврток повторно ќе има локални врнежи кои на планините ќе бидат од снег. До четврток повремено ќе дува засилен ветер и тоа утре и во среда од јужен и југозападен правец, а веќе во четврток од северозападен правец.

Од петок ќе настапи стабилизација на времето со значително повисоки дневни температури кои за време на викендот ќе достигнат и до 23 степени.

Најнови вести