петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 190
home Вести

Довербата која народот ја има во Мицкоски е за 2,5% поголема од рејтингот на Заев

Довербата која народот ја има во Мицкоски е за 2,5% поголема од рејтингот на Заев

Според резултатите од анкетата која денес ја објави „Организацијата за граѓански активизам и независност”, најголема доверба меѓу политичарите ужива лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

За него се изјасниле 15,9% од испитаниците кои истакнале дека нему најмногу му веруваат.

Зад него е Зоран Заев кој на анкетата добил доверба од 13,4% од испитаните граѓани.

Овие резултати покажуваат дека Мицкоски ужива за 2,5% поголема доверба од лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

„Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување од периодот на 1 септември до 9 септември 2021 на репрезентативен примерок на 1.149 испитаници на територијата на целата држава, со фокус на Град Скопје и општините на градот.

Најнови вести

Локални избори 2021