понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 59
home Вести

„Доста одевме со свиткана кичма, време е да се исправиме и да ја обновиме Македонија“

„Доста одевме со свиткана кичма, време е да се исправиме и да ја обновиме Македонија“

Свитканата кичма ќе остане запаметена за неславното владеење на Заев и СДСМ, рече во своето интервју, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Има многу реакции, позитивни и негативни, и има доминантно негативни од одредена група на граѓани во однос на вашиот прв спот со подгрбавени луѓе. Во меѓувреме излезе и друг спот со девојката, веројатно деновиве ќе излезете со нови спотови. Пресметан ли беше ризикот господине Мицкоски да излезете со вакви спотови во кампањата?

-Тешка, мачна е реалноста. Понижувачка е реалноста во која што живеат македонските граѓани и впрочем тоа е цитат можеби единственото ветување на Зоран Заев коешто го исполнил откако функционира на политичката сцена, а тоа е дека треба да си ја свиткаме кичмата од таа 2008 година. Да, тешко е кога ќе се соочите со реалноста и тоа не ве прави подобар човек ако бегате од таа реалност, рече Мицкоски.

Но, можете да се соочите со губење на гласови со овие спотови. Затоа ве прашав дали ви беше пресметан ризикот кога решивте да пуштите вакви спотови и ваква кампања која што дефинитивно е предизвикувачка?

-Тоа ќе видиме на 15 јули, дали ќе се соочиме со губење гласови или пак нема да соочиме туку ќе добиеме гласови. Инаку, да јас ги разбирам и СДСМ и Зоран Заев, тешко е и мачно е да се гледа тоа што го направија изминативе три години, но затоа сме тука да понудиме практично алтернатива на кое што го стори СДСМ изминативе три години со сите оние понижувања, лаги, невистини, конструкции, криминал, корупции, Луи Витон ташни, трас, трас судски одлуки. Гледаме таму како еден поранешен функционер од Владата предводена од СДСМ како купчиња си реди слободно во чанта. Тоа е она што е тешко да се гледа и на тоа се губат гласови, а инаку ова е реалноста што ни ја најави Зоран Заев дека треба да си ја свиткаме кичмата. Но, среќа е, не треба граѓаните да губат надеж. Има алтернатива и свитканата кичма ќе остане само запаметена по времето на Зоран Заев. Во иднина ќе имаме гордо крената глава, истакна тој.

Коронавирус