сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 21
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Досегашната состојбата со коронавирусот во Македонија: Најмногу заразени во Скопје, во општина Карпош

Досегашната состојбата со коронавирусот во Македонија: Најмногу заразени во Скопје, во општина Карпош

Во Македонија досега од Ковид-19 се заболени 219 лица, а спроведени се 1.800 тестирања, велат последните информации.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во Скопје (134), Дебар (43) , Куманово (17), Штип (осум), Прилеп (шест), Охрид (три), Велес (три), Кавадарци (два), Тетово (два) и Гостивар (еден).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 154,9 заболени на 100.000 жители, а во Скопје инциденцата е 21,7 на 100.00 жители, додека во Штип инциденцата на 100.000 жители е 15,2.

– На пошироката територија на Скопје заболени со корона вирус има пријавено во десет општини и тоа во Карпош – 27, во Гази Баба, Кисела Вода и Центар по 20, Ѓорче Петров -11, Аеродром – 8, Сопиште – 7, Бутел – 4, Чаир – 3 и Илинден – 2, информираат од Институтот за јавно здравје.

Нови официјални детали се очекуваат во текот на денешниот ден.

Коронавирус