недела, 9. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Досега казнети вкупно 25.976 лица за неносење заштитна маска

Досега казнети вкупно 25.976 лица за неносење заштитна маска

Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од Covid19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата, пишува министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на Фејсбук.

Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 25976 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 478 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 80 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 366 лице им се издадени решенија за изолација, а 9 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што е евидентирано 1 лице кое не ги почитувало овие мерки.

Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.

Коронавирус