недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Досега евидентирани 68.668 лица преку апликацијата за самопопишување

Досега евидентирани 68.668 лица преку апликацијата за самопопишување

Преку апликацијата за самопопишување заклучно до 08.00 часот денеска се евидентирани вкупно 68.668 лица од дијаспората.

Пописот на лицата кои се во странство почна на 1 март. Преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци, а попишувањето ќе се одвива до 21 април 2021 година.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера на прес-конференција рече дека бројот на наши попишани граѓани од дијаспората надмина 60 илјади. На прво место е Швјацарија со околу 16 илјади, што е една четвртина од очекуваните бројки, потоа следат Германија со 10 илјади, Италија со шест илјади, додека во Канада и Австралија има далеку послаби резултати, за што како одговорно Министерство преземаме дополнителни активности и повикуваме што поголем број да се охрабрат и одвојат неколку минути за овој процес, изјави Османи.

Тој информира дека попишувањето на нашите дипломати и членови на конзуларни претставништва е успешно завршено, а продолжува попишувањето на дијаспората, што ќе трае се до 22 април.

Министерот Османи денеска ќе престојува во работна посета на Швајцарија и на Шпанија. Работните посети на Османи се дел од дипломатските активности за презентација на европското досие на земјата, но и во насока на мобилизација на нашата дијаспора за вклучување во процесот на самопопишување во рамките на Попис 2021.

Коронавирус