недела, 20. септември 2020. Вести денес: 58
home Вести

Досега 15 млади лица заболени од коронавирусот откако се забавувале на охридските плажи

Досега 15 млади лица заболени од коронавирусот откако се забавувале на охридските плажи

Бројот на заразени како последица на лудите журки по охридските плажи се искачи на 15, потврдуваат за Канал 5 од Центарот за јавно здравје.

Оттаму велат дека од околу педесетина нови случаи во изминатите два дена, 15 информирале дека биле во Охрид.

Се работи за тинејџери и млади лица на околу 20 години. Засега сите се со лесна клиничка слика, со ниска температура, главоболки, а некои имаат и пролив.

Здравствените власти велат дека има и млади лица кои се заразени откако биле и во другите туристички центри низ земјава, како Дојран Струга и Преспа.

Коронавирус