вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 73
home Вести

Дополнителни трошоци: Владата изгласа изградба на нови патарини- еве каде ќе „никнат“ тие

Дополнителни трошоци: Владата изгласа изградба на нови патарини- еве каде ќе „никнат“ тие

Владата на Република Северна Македонија на седница ја разгледа и усвои Информацијата согласно која е донесена Одлука за висината и начинот на наплата на надоместот за употреба на пат – патарина.

Одлуката се донесува заради воведување наплата на патарина на новите автопатни правци Демир Капија – Гевгелија, Миладиновци – Свети Николе и Свети Николе – Штип, како и заради можноста за електронска наплата на патарината со електронски бесконтактни смарт-картички и со билети за ненаплатена патарина со налог за плаќање.