недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 42
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Вести

Дополнетиот предлог за измени на Буџетот за 2019. пред пратениците во второ читање

Дополнетиот предлог за измени на Буџетот за 2019. пред пратениците во второ читање

Дополнетот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година во второ читање денеска е ставен на дневен ред на 114. седница на Собранието.

Пратениците ќе разгледаат повеќе точки меѓу нив се и Предлог на одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан и дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство во второ читање.

На дневен ред се и Предлог на закон за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена 11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп во второ читање и Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за развојни политики за јавни финансии и конкурентност, исто тала во второ читање.

Пред пратениците во прво читање ќе се најде и Предлог на закон за класифицирани информации.

Во Собранието денеска седници ќе одржат две собраниски комисии, за надворешна политика и Законодавно-правната и двете со една точка на дневен ред, Предлог – закон за ратификација на Конвенцијата за намалување на бездржавјанство.