петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 12
home Вести

Донев: Заев дојде на власт за да го смени името на државата, а не да за да не однесе во ЕУ

Донев: Заев дојде на власт за да го смени името на државата, а не да за да не однесе во ЕУ

Во дневникот на Алфа ТВ гостуваше Јован Донев, поранешен амбасадор и универзитетски професор кој говореше дали Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ. Датум за почеток на преговори Македонија нема да добие затоа што Република Бугарија, Народното Собрание на Република Бугарија јасно во Декларацијата стави дознаење дека ако не се исполнат условите предвидени со договорот за добрососедство.

Таа нема да дозволи одржување на меѓувладината конференција, а фактички преговорите односно датумот за почнување на преговори значи датум за одржување на оваа меѓувладина конференција. Од тој момент кога ќе почне и ќе се одржи таа седница, таа конференција и од тој момент почнуваат преговорите со ЕУ, тоа е условено од Бугарија, појасни Донев. Донев истакна дека според сето ова датум за Македонија нема да има.

А, најголема закана за тоа е бугарското вето. Но исто така Данска, Холандија имаа сериозни прашања во однос на способноста на Македонија да испорача она што и се бара, посебно за корупцијата што и се случуваше во изминатиот период. Угледот кој што и онака не беше висок, дополнително е раздрмат. Корупцијата е на прво место од условите кои што се поставени на Македонија. Очигледно е дека со двата договори, со договорот со Грција, и договорот со Бугарија ние го изгубивме својот суверенитет.

Гледате Бугарија што услови ни поставува сега. Ние веќе ништо не можеме понатаму да направиме. Кога влагате во преговори вие мора да имате свои инструменти со кои што се изедначувате, двете страни мора да бидат изненачени за да можат да преговараат рамноправно. Нас ни се случи обратно ние немавме ништо, влеговме во преговори без никакви инструменти, да седнеме на рамноправна позиција со Бугарија или Грција. Сите нивни услови ние ги прифативме, го нарушивме суверенитетот на Македонија, се откажавме од она што е најсуштинско за нацијата и тоа ќе ни се случува понатаму, додаде Донев.

Донев рече дека суверенитетот, слободата немаат цена со која што може да се тргува. Промената на името не беше, па и договор со Бугарија не беа за членство на Македонија за ЕУ. Тоа беше морковот. По промената на името, Макрон кажа дека договорот со Преспа нема ништо со датум за преговори со ЕУ. Промената на името на Македонија беше само за да се задоволат интересите на меѓународните играчи во регионот, Средоземјето. Заев дојде на власт за да го смени името на државата, да ја редефинира државата, а не да за да не однесе во ЕУ, нагласи Донев.

Коронавирус