петок, 16. април 2021. Вести денес: 150
home Вести

Донев за Заев: Нема никаква логика во неговото образложение денеска во Собранието, граѓаните и државата станаа негови заробеници

Донев за Заев: Нема никаква логика во неговото образложение денеска во Собранието, граѓаните и државата станаа негови заробеници

„Суштината е дека нема никаква логика во образложението на Заев денеска во Собранието. Јас го слушав образложението негово, дека бара доверба на владата заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ тврди дека нема доверба на владата. Прашање на опозицијата е да тврди што сака, тоа е нејзино прашање. Премиерот на владата не треба да се занимава со тоа прашање,а уште помалку да докажува на јавноста дека има мнозинство или нема. Во прво гласање на закон ќе се види дали има мнозинство или нема“, истакна Јован Донев, универзитетски професор и поранешен амбасадор во емисијата „Што не е јасно“.

Донев додаде дека последниве години откако е Заев премиер Македонија и македонските граѓани станаа негови заробеници.

„Ние сме заробеници на условно речено една елита која е и политичка, и бизнис, и интелектуална елита условно ако можам така да кажам. Тоа не е елита, тоа е еден тенок слој кој што веќе одреден период нема никаква врска со мнозинството граѓани во Република Македонија“, појасни Донев.

Донев посочи дека по секоја цена СДСМ сака да ја задржи својата власт во Македонија, не работи за доброто на граѓаните.

„Заев ќе прифатеше се дури и бугарските барања, како што прифати од Грците, тука да не се лажеме. Никакви дилеми немам околу тоа прашање. Проблемот е што има сериозен отпор внатре во неговата партија и помеѓу неопределените граѓани на Република Македонија. И заради тоа така се однесува Заев. За него нема проблем да се прифатат барања од соседните држави“, рече Донев.

Коронавирус