сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 46
home Вести

Донев за Република: Заев и Димитров се на власт за елиминирање на македонската нација и јазик

Донев за Република: Заев и Димитров се на власт за елиминирање на македонската нација и јазик

Република Бугарија во ниту еден момент не признала постоење на македонски јазик, ниту постоење на македонскиот народ. Заев и Димитров преку прикривање на вистината треба да ja остварат задачата заради која и се донесени на власт, а тоа е елиминирање на македонската нација и јазик.

Ова во интервју за „Република“ го тврди професорот Јован Донев кој е и поранешен дипломат. Според него, власта ќе игра на истата карта како со Грција, а тоа е постепено прифаќање, едно по едно, на бугарските барања, а сето тоа ќе го претставува како борба за зачувување на македонскиот јазик и идентитет.

Зошто власта се обидува да го релативизира ова барање на Бугарија со тоа дека тоа било изолиран став на една членка а не официјален став на Унијата? За потсетување, сегашната власт кога беше во опозиција тврдеше дека блокадата од Грција поради спорот за името е став на целата ЕУ а не само на една земја.

ДОНЕВ: Тоа е пропаганден трик. Власта воопшто не ги релативизира бугарските барања. Да беше така таа немаше да потпише ваков договор. Напротив, власта ќе игра на истата карта како со Грција. Постепено прифаќање, едно по едно, на бугарските барања. И сето тоа ќе го преставува како борба за зачувување на македонскиот јазик и идентитет. Едноставно, при проценките на позициите на владеачката гарнитура на СДСМ и нејзините потези, секогаш треба да се има во предвид една работа. И г. Заев и г. Димитров при преземањето на власта имаа една и единствена цел. Деноминирање на македонската нација. И толку. Па самиот г. Димитров јасно и гласно кажа дека целосната имплементација на договорот со Бугарија е последната фаза во решавањето на македонското прашање.

Дали можеби притисокот на Бугарија е една од причините зошто уште не е одреден датум за почеток на преговорите со Македонија?

ДОНЕВ: Една од причините да. Министерката за надворешни работи на Бугарија, госпоѓата Захариева, уште во октомври минатата година јансо ги стави на знаење бугарските позиции. Да, Бугарија подржува носење на одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија, но Бугарија ќе се согласи со одредување на датумот за почеток на преговорите под три услова. 1. Јавно откажување на Македонија од постоењето на македонско малцинство во Бугарија. 2. Информирање на сите членки на ООН дека службен јазик е јазикот на државата, а не македонскиот јазик и 3. Изјава на Република Албанија дека на нејзина територија не живее македонско малцинство.

Целото интервју на професорот Јован Донев можете да го прочитате на Република.мк

ЕУРО 2020

Македонија