петок, 4. декември 2020. Вести денес: 26
home Вести

Донев: ВМРО-ДПМНЕ е со народот и работи за народот, заедно продолжуваме во борбата против антинародната власт на СДСМ

Донев: ВМРО-ДПМНЕ е со народот и работи за народот, заедно продолжуваме во борбата против антинародната власт на СДСМ

Само рамо до рамо, сите заедно сплотени и единствени можеме да се спротивставиме над овие црнила што надвиснале над нас и нашата земја, истакна на денешната прес-конференција Сашо Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Тој истакна дека името, идентитетот, достоинството на македонскиот народ станаа предмет за тргување додека државата тоне во сите сфери на општественото живеење.

-Охриѓани се разочарани, загрижени за иднината поради политичките, економските и општествените црнила. Ни треба мобилизација затоа што сите делиме исти маки и проблеми. Затоа сите членови поддржувачи на ставовите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ Ве повикуваме да го ажурирате своето членство во партијата во која ја делиме заедничката цел. Особено сакам да ги повикам сите неопределени граѓани и симпатизери да се зачленат и придружат во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, посочи Донев.

Претседателот на ОК Охрид нагласи дека ажурирањето започнува од денес, 1 декември секој ден од 18:00 до 21:00 часот во просториите на Општинскиот Комитет.

-ВМРО-ДПМНЕ е со народот и работи за народот. Заедно продолжуваме во борбата против антинародната власт на СДСМ. Секогаш ќе останеме на браникот на заштита на државните и национални интереси. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја порази оваа неспособна и криминална власт, посочи Донев.

Коронавирус