вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 126
home Вести

Донев:Власта немаше слух дека со Преспанскиот Договор и Договорот со Бугарија не постојат никакви гаранции за нашата држава

Донев:Власта немаше слух дека со Преспанскиот Договор и Договорот со Бугарија не постојат никакви гаранции за нашата држава

-Првиот мој впечаток откако дојде оваа влада е дека имаат целосно непознавање на феноменот нација и национално чувство, значи тоа се луѓе кои што немаат појма и прашање е дали имаат некакво национално чувство кај себе си, затоа што ако имаш некаков патриотизам по инстинкт ќе реагираш. Овде немаше такво нешто. Такви луѓе можеш многу лесно да изманипулираш решете го ова, решете го она, па и некои вчера гледам почнаа да плачат дека Европа ги изневерила, истакна Јован Донев, професор и поранешен амбасадор во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“.

Донев во текот на своето гостување зборуваше за Преспанскиот Договор и Договорт со Бугарија и посочи дека јасно се знаело дека со овие договори не постојат никакви гаранции, но власта немаше слух за тоа.

-Кога сите ние кои бевме против Преспанскиот договор и Договорт со Бугарија и јасно кажавме дека не постојат никакви гаранции, дека тоа што е потпипашано, дека тоа што го ветуваат странските лидери ќе се исполни, никој не не слушаше. Јас мислам дека има луѓе кои сериозно одработија за интересите на Грција за Преспанскиот Договор, сериозно сега работат и за Бугарија инаку не може да се најде друго образоложение за сето ова што ни се случува. Не сум баш сигирен дека нашиот државен врв се потрудил барем десетина книги од историја и теорија на меѓународни односи да прочита и да научи нешто од историјата на другите држави за да се согледа што се случува во регионот, да знае како функционира регионот и затоа сето ова ни се случува, нема тука друго образоложение, додаде Донев.

ЕУРО 2020

Македонија