петок, 4. декември 2020. Вести денес: 5
home Вести

Донев: Студентите повторно се излажини и изманипулирани од СДСМ

Донев: Студентите повторно се излажини и изманипулирани од СДСМ

По не знам кој пат студентите се излажани и изманипулирани од Владата предводена од СДСМ.

Одново бевме сведоци на лажното ветување кое во континуитет се повторува дека конечно блоковите В и Г ќе бидат пуштени во студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Деновиве студентите се соочени со нова лага од СДСМ и нивните функционери.

Сакам јавно да го прашам директорот на Државниот студентски центар како го промениле менито во исхраната кога храната е иста?
▶️Дали за Дарио е дозволено студентите да користат прехрамбени производи со изминат рок?
▶️Дали студентите треба да се третираат на ваков мизерен начин без основни услови?
▶️Дали студентите ќе можат да имаат нормален оброк само кога Дарио ќе им нареди истиот да го фотографираат и да го постираат по социјалните мрежи?
▶️Дали студентите ќе можат да имаат нормален оброк само кога Дарио ќе одлучи дека со државни пари неколку порции да бидат „sponsored“ по социјалните мрежи?

Добро ќе биде Дарио барем еднаш да прошета по домовите и да седне на еден оброк со студентите. Да ја види реалноста, а не розевата слика што ја спонзорира по социјалните медиуми.

Студентите во храната која им се сервира неретко пронаоѓаат бубачки, а таа не ги задоволува ниту хигиенските, а камо ли калоричните потреби на младите.
И сега во предизборието одново се дрзнувате на најподлиот начин да ги манипулирате и лажете студентите дека со неколку оброци сте промениле нешто.
Фотографиите го покажуваат секојдневието на македонскиот студент. Оној кој 3 години го лажете. Оној на кој му ветувате мебел 3 години, реновирање на домовите. Оној на кој му ветивте нов студентски град кој остана само во мислите на Дарко Каевски.

Господа додека вие уживате во удобните позиции, македонскиот студент се соочува со катастрофалните услови во студентските домови, квалитетот на нашето образование тоне, а младинската невработеност во Македонија е највисока во Европа.

Но, се ближи крајот на срамните политики на СДСМ. На 12ти април младите ќе се изборат за промени и обнова. Заедно ќе се избориме за подобро утре на секој млад човек во Република Македонија! Напиша на Фејсбук, Горјан Донев, од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус