вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 78
home Вести

Донев: Посетата на Заев во Брисел немаше никаква врска за почеток на преговори на Македонија

Донев: Посетата на Заев во Брисел немаше никаква врска за почеток на преговори на Македонија

Јован Донев, професор и поранешен амбасадор во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за целата ситуација во која се наоѓа Република Македонија и посочи дека не може да се очекува ништо од посетата на Заев во Брисел ниту сега, ниту претходно.

-Јас во неколку наврати имам кажано на она што се однесува на нашата дипломатија и на нашата надворешна политика и може да се каже дека македонско-надворешната политика е траги-комедија, тоа е трагедија за граѓаните, комедија е за странските надлудувачи. Главните креатори на надворешната политика на Македонија најверојатно или не се целосно посветени или се работи за толкав капацитет на луѓето што работат таму и затоа ни се случуваат вакви работи какви што ни се случуваат. Не треба да очекуваме некои изненадување во однос на сегашната посета на Заев во Брисел, ниту понатаму, ниту претходно. Тоа е константа. Се што може да направиме ќе направиме на наша штета затоа што едноставно не сакаме да прифатиме дека целиот систем не функционира, не е способен да се соочи со предизвиците кои секоја една држава ги има во меѓународните односи. Тоа или не можат да го разберат или не сакаат да го прифатат, рече Донев.

Донев во своето гостување истакна дека посетата на Заев во Брисел претствуваlла поправање на неговиот имиџ во државата и немала никаква врска за почеток на преговори.

-Имајте во предвид дека посетата на Заев доаѓа две недели најмногу после посетата на Пендаровски, тоа е комплетно неприфатливо во дипломатијата. Ако претседателот пред две недели бил во Брисел и разговарал со врвните луѓе во Брисел, нема зошто премиерот да оди, едноставно што имало се кажало на тие средби и од тие средби сигурно се циркулирале белешки. Тоа е една работа. Втора работа е нема што ново да се каже, точките за разговор на претседателот и премиерот ги подготвував нашето министерство за надворешни работи, не може вие да смислите нова точка за две недели на премирот, нешто ново да се случило за да тој мора лично да оди. Така да оваа негова посета беше чисто поправање на неговиот имиџ во Република Македонија,немаше никаква врска со преговорите и немаше никаков допринос да даде, а исто така беше адресирана кај луѓе со кои нема за што да се разговара. Брисел не одлучува дали ќе почнат преговори со Македонија или нема да почнат, одлучуваат земјите членки на ЕУ, додаде Донев.

ЕУРО 2020

Македонија