вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Донев: Македонија нема датум за преговори за ЕУ, условот на Бугарија до министрите на ЕУ го откри дебаклот на македонската дипломатија

Донев: Македонија нема датум за преговори за ЕУ, условот на Бугарија до министрите на ЕУ го откри дебаклот на македонската дипломатија

Во врска со актуелната тема “Заклучоците на ЕУ каде што се вметнати позициите на официјална Софија во врска со македонскиот јазик и малцинство” во вечерашната емисија “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија, професорот и екс амбасадор во Лондон Јован Донев говореше за дебаклот на македонската дипломатија за јазикот, нацијата и Македонците во Бугарија. Тој истакна дека Република Македонија е единствена земја која нема дефинирани национални интереси.

– Ние немаме датум за преговори за влез во ЕУ. Бугарија приложи документ до министрите на ЕУ во кој се вели дека позициите на Бугарија треба да се вклучат во рамката на преговори за да може да се одреди датум за преговори. Значи во оваа фаза, Македонија има два услова: тоа е да кажеме дека не постои македонско малцинство во Бугарија и да ги информираме сите членки земји во Обединетите Нации дека јазикот не е македонски туку е службен јазик на државата. Значи тие се два критериуми за отпочнување на преговорите. Исто така, Бугарија инсистира и на целосна имплементација на Преспанскиот договор, затоа што таа многу добро знае дека без тоа, особено во однос на учебниците за историја, ќе имаат проблем да ја спроведат својата политика над Македонија. Значи Бугарија и Грција се синхронизирани по ова прашање, тоа се гледа и од нивните министерства кои имаат редовни консултации по однос на прашањата за Македонија, вели Донев.

Коронавирус