вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 102
АКТУЕЛНО

Црн рекорд: 2341 новозаразени, нови 26 починати од коронавирус

home Вести

Донев: Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски со прекршување на правилата за работа на Месни и Урбани заедници

Донев: Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски со прекршување на правилата за работа на Месни и Урбани заедници

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски со прекршување на правилата за работа на Месни и Урбани заедници, преку еден нетранспарентен начин се обидува да организира и спроведе избори за Совети на Месни и Урбани заедници во Општина Гази Баба, вели Ристо Донев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата по барање на граѓаните на Општина Гази Баба јасно се спротивставува на обидите да се организираат избори на кои граѓаните на Општина Гази Баба ќе не можат да го искористат уставно загарантираното право, да избираат и да бидат избрани. Имено, градоначалникот Георгиевски го определи денот за поднесување на кандидатури за членови на Советот и денот за гласање за членови во Советот на Месни и Урбани заедници да биде работен ден и истовремено се ограничи бројот на граѓани кои можат да поднесат кандидатури. Сметаме дека ваквиот начин на организирање на изборите не гарантира транспарентен процес во кои сите граѓани ќе имаат подеднаква можност да бидат избрани и забелешките на граѓаните ги оценуваме како конструктивни, потенцира Донев.

Тој додава дека во таа насока како Советници на ВМРО-ДПМНЕ бараат: Бројот на кандидати да не биде ограничен се со цел секој граѓанин на Општина Гази Баба кој сака да се вклучи во облиците на Месната самоуправа да има можност тоа да го стори и истото да биде поткрепено со 10 потписи од граѓани за поединечна кандидатура. Денот определен за поднесување на кандидатури и денот определен за гласање да биде неработен ден.

Најнови вести

Коронавирус