понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Донесена официјална одлука: Се заоструваат мерките во борбата против коронавирусот – прочитајте кои мерки и официјално се донесени

Донесена официјална одлука: Се заоструваат мерките во борбата против коронавирусот – прочитајте кои мерки и официјално се донесени

На вечерашната владина седница, донесовме заклучоци со цел зајакнување на мерките за заштита од корона вирус:

❗ Затворање на сите копнени гранички премини во Република Северна Македонија, освен граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце кои да бидат отворени за премини на патници и возила;

❗ Прекинување со работа на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, односно затворање на граничниот премин на овој аеродром, после 48 часа од донесувањето на оваа мерка;

❗ Забрана на влез на територија на Република Северна Македонија на странски државјани и од земјите со среден ризик согласно листата на Светската здравствена организација објавена на веб-страницата на Министерството за здравство, освен за оние лица за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по мислење од Главниот координативен кризен штаб кои ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес. Овие лица да влезат во нашата држава под посебни услови и заштита согласно протоколот на Министерството за здравство;

❗ Затворање за посетители сите продавници во молови на територијата на Република Северна Македонија, освен супермаркети, продавници за храна и аптеки.

Сите останати правни лица можат да работат и да остваруваат продажба на алтернативен начин (преку онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл) и да вршат достава на нарачките;

❗ Се забранува целосно работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортските обложувалници.

Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи!, информираше вечерва преку својата Фејсбук страница министерот за здраство Венко Филипче.

Коронавирус