среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 149
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Донесе златен медал по математика во конкуреција со 4.000 ученици од цел свет: Запознајте го 7 годишниот генијалец Македон од Тетово

Донесе златен медал по математика во конкуреција со 4.000 ученици од цел свет: Запознајте го 7 годишниот генијалец Македон од Тетово

Македон Димитровски – Македонско чудо од дете ученик во О.О.У „Лирија“ Тетово во второ 1 има само 7 години но решава математички задачи од втора година од средно образование. Нашиот мал генијалец ни донесе златен медал по математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет.

Тој е дружељубив и секогаш расположен за своите другарчиња и соученици. Меморијата на Македон е на завидно ниво, зборува течно англиски, а учи германски, грчки и кинески.

Неговата наставничка Јасмина Костовска секогаш ја прилагодува наставата за него, со повеќе обврски, покомплицирани задачи. Таа вели дека знаела каков ученик ќе има, а тоа во нејзината 27 годишна кариера бил огромен предизник.

Погледнете го гостувањето на Македон заедно со неговите родители во утринската програма на Сител Телевизија.

Коронавирус