понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 89
home Вести

Донација од Мастербет за Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“

Донација од Мастербет за Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“

Водејќи од своите заложби за општествена одговорност, „Мастербет ДООЕЛ Скопје“ во чии рамки е приредувачот на игри на среќа „Астра“, денес со своја донација даде придонес за подобрување на условите во Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“ во Скопје.

Донацијата се состои од кујнски прибор и електрични апарати за домаќинство, кои раководството на Домот ги акцентираше како нужност.

„Како општествено одговорни компании, во рамки на нашите можности секогаш се трудиме преку нашите донаторски активности да одговориме на потребите на заедницата. Затоа ја поддржавме оваа иницијатива која помага на најранливите категории во заедницата“, велат од компанијата.

Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија е дел од голем број на хуманитарни активности. Во екот на првиот бран на пандемијата со „Ковид-19“, Хотелот „Фламинго“ во Гевгелија беше отстапен на државата за карантин, беше донирана медицинска опрема и болнички кревети во износ од 200 илјади евра, вработените учествуваа во масовна крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.

Коронавирус