понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 167
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Долгоочекуваниот дуел Мицкоски-Заев: Непристрасен поборник против неправдите наспроти шпекулант со стари тези

Долгоочекуваниот дуел Мицкоски-Заев: Непристрасен поборник против неправдите наспроти шпекулант со стари тези

Се случи и долгоочекуваниот дуел помеѓу лидерите на двете македонски партии, Христијан Мицкоски од една страна и Зоран Заев од друга страна. Оцената е дека вчера се судрија во ставовите Мицкоски како непристрасен поборник против неправдите и Заев како шпекулант со стари тези

Иако на почетокот екс-премиерот Заев избегнуваше дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, на крај под притисок на јавноста собра храброст да се соочи со него. Во емисијата се отворија голем број на прашања од кои меѓу најактуелните беа токму скандалите кои што се случија изминатиот период од страна на владата на СДСМ, реформите во правосудството, законот за Јавно обвинителство, македонската економија, се до надворешните односи на државата.

Во однос на правосудството, Мицкоски порача дека Заев го управувал судството како и дека одредени обвинители и судии се први соработници на Заев, а тоа го потврдиле и снимките кои што излегле во јавноста.

-Одредени обвинители и судии се први соработници на Зоран Заев и тоа јасно се докажа во аудио материјалите кои пред неколку дена излегоа во јавноста. Зоран Заев е човекот кој напразно пробува да користи празни флоскули од типот на некаков режим, поради тоа што тој самиот користи најголеми привилегии и придобивки од периодот на владеење на минатата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Во делот на обвинувањата на Заев за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски докажа дека Заев лаже и дека финансирањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ е чисто покажувајќи и извештај од Државниот завод за ревизија.

-Далеку од тоа дека Камчев е финансиер на партијата како што велите вие. Брат ви се среќава со него, рече Мицкоски покажувајќи му го на Заев извештајот од Заводот за ревизија.

Мицкоски му рече на Заев – „Знаев дека ќе манипулирате со јавноста, затоа го донесов извештајот, тој покажува дека лажете,“.

Во делот на економијата, Мицкоски кажа дека со владата на Заев долгот на државата е зголемен за 830 милиони евра. Долгот на државата во мандатот на Зоран Зев е зголемен за точно 830 милиони евра или 757 илјади секој ден, или 31 илјада секој час додека седиме ние додека дебатираме, нагласи тој. Во делот на капиталните инвестиции Мицкоски потенцираше дека има ниска реализација на капиталните инвестиции, потенцирајќи дека од предвидените 20 милиони евра се реалзирани само 6.5 милиони евра, прашувајќи каде завршија останатите 13.5 милиони евра.

-Каква е реалноста, најновите податоци од јануари месец ќе видите дека капиталните трошоци изнесуваат точно 397 милиони денари, тоа се капиталне трошоци кои што државата вложувала нели како што вели гради, се грижи за младите и тоа е 1,67% од планираното за 2020 година, што е 6,5 милиони евра. Од друга страна дефицитот тоа е онаа бројка која што отсликува повеќе потрошено отколку прибрано во буџетот е еднаков на 6,98% , затоа што и буџетот се полни со 7% од она што било планирано за 2020 година. Тоа значи дека 1 милијарда и 213 милиони денари, односно 20 милиони евра, а за капитални инвестиции од нив се потрошени точно 6,5 милиони. Прашањето е каде завршија останатите 13,5“ праша Мицкоски.

Според Мицкоски, Заев ќе остане запаметен како човек кој што го продал идеалот на сопствената нација и сопствената држава.

-Моја должност како лидер на опозицијата, како граѓанин на ова држава е да навлезам во секој договор кој што може утре-задутре и јас да бидам тој кој што ќе има импликации позитивни или негативни. Јас сум должен да ви кажам и да ви укажам на предавството како што тогаш ве гледав во клубот на пратеници и ви велев: „Зоране немој Илинденска затоа што ова е првиот чекор кон нешто многу полошо, ќе прифатиш еднаш промена на Устав и потоа нема крај, нема назад. Што ме убедувавте? Не, ова е тоа, ако ова не биде, друго не прифаќам, додаде Мицкоски.

На крајот, Мицкоски го потсети Заев на сите заборавени ветувања кои што ги дал пред граѓаните, а не ги остварил. За тоа дека Мицкоски бил подобар во ТВ Дуелот покажува и самото траење на емисијата, како и коментарите на социјалните мрежи твитер и фејсбук.

За овој ТВ дуел ќе се зборува уште долго, е повеќе од јасно бидејќи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски на самиот крај од емисијата му подари паричник Луј Витон како знак на скандалот која што ја тресеше владата во случајот Рекет, каде што се рекетираа бизнисмени и се изнесуваа милиони евра во Луј Витон торба.

По дуелот кој што се случи вчера во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, помеѓу лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на владејачката СДСМ Зоран Заев, социјалните мрежи вријат со коментари за тоа кој бил победник.

Според голем број на коментари од страна на граѓаните, апсолутен победник е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски порачувајќи дека се одржал ТВ дуел помеѓу поранешниот премиер Заев и идниот премиер на владата Христијан Мицкоски.

Додека пак други коментираат дека гледајќи го вечерашниот ТВ ДУЕЛ сфаќаат дека станува збор за неколку класи разлика помеѓу Мицкоски и Заев, укажувајќи дека Заев бил изгубен во времето и просторот а бил премиер дури 2 ипол години.

Еве што мислат граѓаните:

Коронавирус