четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 28
home Вести

Долгонајавуваниот проект на СДСМ за недела да биде неработен ден за сите падна во вода

Долгонајавуваниот проект на СДСМ за недела да биде неработен ден за сите падна во вода

На лагите на СДСМ им нема крај. Една од нив е и долго најавуваната реформа за недела да биде неработен ден која падна во вода.

Имено порталот „Работник“ ја објави драфт верзијата за законското решение „недела е ден за неделен одмор“ каде се гледа дека 34 дејности ќе работат во недела.

Тука спаѓаат одгледување на животни, мешовито фармерство, печатење и издавање на весници, производство на метали,трговија на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници, дејности за подготовка на оброци и служење на храна и уште многу други.

За оваа најавувано законско решение има и многу несогласување и кај голем број на граѓаните.

-Работам во приватен сектор односно во места каде се служи храна и работиме и во недела. Како власта најавува дека недела ќе биде неработен ден кога за нас тоа не важи. Не само што нема да важи ова за нас, туку ниту ни се плаќа повеќе, ни раскажа граѓанин.

Ова реформа беше најавена минатата година кога министерка за труд и социјалната политика беше Мила Царовска, а потоа беше поддржана и од сегашната министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Но иако долго ја најавуваа кај граѓаните ова предизвика големо разочарување затоа што граѓаните сметаат дека како и за се досега СДСМ носи проекти кои нема да важат за сите граѓани подеднакво.

ЕУРО 2020

Македонија