четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 31
home Вести

(ДОКУМЕНТ): Државен пазарен инспекторат го подновува возниот парк среде корона криза

(ДОКУМЕНТ): Државен пазарен инспекторат го подновува возниот парк среде корона криза

Иако Македонија се наоѓа среде корона криза која што предизвика вистински штети кај компаниите а особено кај народот, и кога во буџетот на државата е направена голема дупка, од државниот пазарен инспекторат во екот на самата пандемија го обновува возниот парк.

Имено, во договорот кој што е потпишан од страна на државниот пазарен инспекторат и една скопска компанија и до кој што дојде нашата редакција стои дека ќе бидат набавени 10 автомобили „Фиат Типо“, и тоа кога на државата и се заканува една голема финансиска криза.

Инаку и Владата неодамна се поднови со најнов модел на Мерцедес, и тоа луксузна верзија, кој чини околу 250 000 евра, а во кој вчера владини функционери пристигнаа на лидерската средба во кабинетот на претседателот во Вила Водно.

А, претходно и Владата во екот на самата пандемија објави дека набавува 3 тони кафе како и пола тон апетисани.

Според огласите објавени на 23.04.2020 година се набавуваат околу 3 тони кафе како и пола тон апетисани.

Во огласот со број 06170/2020 како предмет на договорот за јавна набавка стои кафе еспресо, филтер, кафе и капучино, а во спецификациите е наведено дека ќе се набавуваат 2 тони еспресо како и преку еден тон капучино, безкофеинско кафе и останати видови на кафе.

Во другиот оглас со број 06167/2020 во спецификацијата е наведено дека ќе се набавуваат 170 килограми бадеми, 170 килограми лешници, 135 килограми индиски ореви, 85 килограми фстаци како и 30 килограми кикирики.

Коронавирус