четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 53
home Вести

Доктор Зафировски: Часовите да се намалат, одморите да траат подолго, децата да одморат од маски

Доктор Зафировски: Часовите да се намалат, одморите да траат подолго, децата да одморат од маски

Дел од мојата секојдневна пракса е да давам совети за одржување на севкупното здравје, особено во ек на нов бран на корона, а пред прагот на сезонскиот грип. Апелирам до училиштата да најдат начин да ги вадат децата што е можно поредовно на воздух, надвор од училницата, додека дозволуваат временските прилики. Во овие услови најважен е балансот меѓу образованието и здравјето, истакнува доктор Оливер Зафировски.

-Цел ден со маска во затворен простор не може да не му штети на здравјето на ниту еден човек, а камоли дете. Како пулмолог педијатар ве уверувам дека дишењето на чист воздух е клучно за здравјето. Мој предлог е да часовите траат скратено, пример место 45, да траат 30 минути, а на сметка на разликата децата да поминат во мали групи надвор без маски. Сигурен сум дека училиштата можат да најдат начин да го спроведат тоа, а децата да останат безбедни, истакна тој.

Локални избори 2021