петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Доктор Стојаноски: Одговорност од надлежните институции и крајно неодговорните поединци секако треба да се побара

Доктор Стојаноски: Одговорност од надлежните институции и крајно неодговорните поединци секако треба да се побара

Во контекст на новонастанатата ситуација и секако во интерес на зачувување на присебноста, особено на здравствените работници, сега повеќе од било кога треба да се држиме до препораките и мерките пропшани од Светската Здравствена Организација, апелира доктор Синиша Стојаноски, доктор од Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

„Општа паника и последователен хаос само ќе ја влошат состојбата.
Обвинувањe и покажување со прст, нема да промени во моментов апсолутно ништо на подобро.
Одговорност од надлежните институции и крајно неодговорните поединци секако треба да се побара и да има, но само откако ќе се стави ситуацијата целосно под контрола.
Не требаше и не смееше да се релативизира оваа епидемија и овој вирус, но што е, тука е….
Мерките и препораките се јасни!
Епидемиолошкиот пристап да важи за СИТЕ, БЕЗ ИСКЛУЧОК!!!
Да се заштитиме и себе и луѓето околу нас.
Колеги и целиот здравствен персонал, да се одважиме, да останеме присебни и да застанеме во одбрана на здравјето на граѓаните! Сега повеќе од било кога сме му потребни на здравствениот систем.
Место за паника не смее да има. Хипократовата заклетва не обврзува на тоа!!!-порача тој.

Коронавирус