понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 191
home Вести

Доктор Петличковски: Само со вакцинација повторно ќе го вратиме животот во нормала

Доктор Петличковски: Само со вакцинација повторно ќе го вратиме животот во нормала

Ковид-19 е болест од којашто умираат околу два отсто од заразените. Вакцинирањето нуди драматично подобрување на овие статистики и елиминирање на шансата за смрт и екстремно големо намалување на шансата за тешка болест. Нема логика да се плашиме од некакви хипотетски алергиски реакции, а да не се плашиме од шансата 2/100 пациенти да завршат фатално“, вели проф. д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, во рамки на видео – рубриката „Збор, два“, која ја подготвува Општина Карпош.

Професорот Петличковски ги објаснува придобивките од вакцинирањето, а негативните последици ги оцени како минорни.

-Се работи за ефикасност (на вакцините) од околу или над 90 проценти, независно која е вакцината. Имаме 9 од 10 луѓе кои ќе бидат заштитени, и кај нив апсолутно нема да се очекува да се случува тешка инфекција, а покрај тоа, шансите за смртен исход ќе бидат минимални. Тоа е бенефитот кој го очекуваме од вакцинирањето. Значи, сакаме болеста КОВИД-19 да не е веќе опасна болест. Во моментов таа е опасна или многу опасна за повеќе од два проценти од заразените. Со комплетирањето на вакцинирањето, ќе имаме помалку од 0,001 процент на тешко болни и се надеваме дека нема да имаме ниту еден смртен случај од групата на вакцинирани луѓе, зборува Петличковски.

Тој посочува дека луѓето кои веќе го прележале вирусот и имаат стекнато природен имунитет нема логика веднаш да се вакцинираат. Но, се размислува за примање на една доза од вакцината, за прележаните од Ковид – 19, по 3, 4 или 6 месеци од поминувањето на болеста.

Докторот апелира до сите граѓани да не потпаѓаат на лажните вести и да се информираат од релевантни извори и институции.

Само со вакцинација повторно ќе го вратиме животот во нормала и ќе биде возможна вистинската социјализација. (МИА)

Најнови вести

Локални избори 2021