среда, 21. април 2021. Вести денес: 170
home Вести

Доктор Павловски: Владата треба да даде отчетност зошто се’ уште немаме вакцини

Доктор Павловски: Владата треба да даде отчетност зошто се’ уште немаме вакцини

Доктор Борјан Павловски од невладината организација ЕСЕ, во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, вели дека власта треба да даде отчетност зошто се уште нема вакцини против КОВИД 19 пандемијата, како и дека требало навремено да реагира за набавка на вакцините.

-Каде се се потфрли навистина треба да се анализира искрено и власта треба да даде отчетност зошто се уште немаме вакцини кога секаде е почната вакцинацијата, а еве соседна Србија е лидер по вакцинирање. Значи требаше да се реагира уште пред шест месеци да се ангажира власта за навремена набавка на вакцини од повеќе извори, истакна доктор Павловски.

Како што рече тој, наместо власта да се впушти во преговори со различни фирми и држави, таа се ослони само на КОВАКС механизмот.

-Мора да постои транспарентност, а ние не знаеме ништо освен од изјавите на телевизија. А она што може од изјавите да се увиди како впечаток е дека нашата влада за жал многу се ослони на КОВАКС механизмот и донација од ЕУ и додаде дека: КОВАКС механизам е добро воспоставен механизам и тука нема збор, секоја земја од сиромашна до богата да добие вакцини, меѓутоа во ваков случај требаше да се предвиди на време дека вакцини ќе нема доволно за сите и дека КОВАКС механизмот нема да биде ефикасен како за другите болести што бил ефикасен, за сипаници кога ги распределува вакцините рамномерно. Така што наместо на време директно да се впуштиме во преговори со различни држави, со различни фирми за купување на вакцините, ние се ослонувавме на овие механизми на донации, рече Павловски.

Коронавирус