петок, 16. април 2021. Вести денес: 99
home Вести

Доктор од Македонија моли за вакцина: Има 65 години и се обраќа на Филипче и неговите колеги

Доктор од Македонија моли за вакцина: Има 65 години и се обраќа на Филипче и неговите колеги

Доктор Горан Николов преку јавно обраќање бара да добие вакцина.

Неговото обраќање го пренесуваме во продолжение:

Почитуван министре за здравство доцент др Венко Филипче, почитувани помлади колешки и колеги!

Доколку некои од Вас од разно-разни причини не сака да ја прими, односно се откажува од вакцината за COVID 19, ако е можна замена, јас др Горан Николов лекар специјалист интернист-кардиолог се пријавувам и би прифатил да се вакцинирам.

Патем мора да напоменам дека водејќи го ПЗО СРЦЕ и работејќи цело време од почетокот на пандемијата без прекин , а мојата возраст се полни 65 години, е причината за ова мое јавно обраќање кон Вас колеги.

Конечно и ние вработените во приватниот здравствен сектор заедно со сите Вас ја споделуваме и превземаме дел од работата на Јавното здравство во справувањето со другите заболувања.

Коронавирус