вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 25
home Вести

Доктор Ношпал ја отвори душата: На референдумот за самобришење НЕМА ДА ГЛАСАМ

Доктор Ношпал ја отвори душата: На референдумот за самобришење НЕМА ДА ГЛАСАМ

(ФБ статус на доктор Тодор Ношпал)

ИСКРЕНО ОД ДНОТО НА МОЈАТА МАКЕДОНСКА ДУША

Некој ќе рече дека тресем глупости, некој ќе рече дека не знам што зборувам, некој ќе рече дека сум пијан, ама ништо од тоа вода не држи. Ова што ќе го напишам го пишувам со полна материјална, умствена и кривична одговорност. 

Оние кои ме следите на ФБ и моите други пријатели ме познаваат и знаат дека мојот збор има тежина и во 99 % го исполнувам (оној 1% е кога нештата не зависат од мене).

57 години од моето раѓање сум Македонец, роден во Скопје, живеам во Скопје. 30 години мојата професионална кариера како Специјлист Ортопедски Хирург ја градев на Клиниката за Ортопедски болести во Скопје и низ цела Европа и Америка, имав дузина можности да работам во странство, секогаш се враќав дома.

Од 1962 поминав се што можеше да се помина на овие простори заедно со мојата генерација. За воља на вистината и покрај се, сеуште огромен број од нив е насмеан. Работев за мизерна плата на Клиниката за Ортопедски болести 25 години, добив отказ 2012 година, затоа што многу критикував и зборував дека вака не оди во здравството. Пак останав тука Во Македонија. Работев во неколку приватни болници, нормално со поголем финансиски бенефит, но ни од далеку она што би можел на запад да го заработам. Сепак пак останав тука, во Македонија. Ја сакам оваа земја и од неа добивам животна енергија, ги сакам луѓето кои живеат тука и како доктор и хуманист секогаш гледам да помогнам.

Сега сум на два ума, не можам да спијам, некој конечно решил дека е време да не постоиме, да не снема, моите поколенија да немаат корен. Најлошо е што тој некој во очи ме гледа и ме лаже како да сум мало дете, дека само таа перспектива ја имам, дека мора да се прекрстам за мое добро и бенефит на моите поколенија. Си размислувам, можеби навистина сум заостанат, заробен во времето и историјата, можеби не ја гледам поголемата „визија“ за Македонија. Не ми оди не можам да разберам како тоа што самиот ќе се помножам со нула е добро за мојот понатамошен напредок како Македонец.

Затоа донесов одлука дека со сите мои сили како поединец и граѓанин ќе се борам за опстанок на Македонија и се што е Македонско. Затоа на референдумот за самобришење НЕМА ДА ГЛАСАМ, бидејќи не го сметам за легитимен и не сакам мојот глас да се искористи за манипулации.

Во согласност со оваа моја определба сакам да кажам дека воколку овој референдум помине, нормално со цензус и 51% за, јас повеќе нема да се сметам граѓанин на новосоздадената држава и со сите мои сили ќе се потрудам да си одам од тука, од мојата родна Македонија.

Коронавирус