сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 91
home Вести

Доктор Николов: СДСМ е полош од вирусот, ВМРО-ДПМНЕ не бега од избори, бегаме од жртвите кои може да настанат

Доктор Николов: СДСМ е полош од вирусот, ВМРО-ДПМНЕ не бега од избори, бегаме од жртвите кои може да настанат

Доктор Игор Николов, нефролог и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва на 24 Телевизија, истакна дека партијата не бега од избори, туку бега од жртвите кои може да настанат со оглед на актуелнава ситуација, тој рече дека членството бара избори затоа што СДСМ е полош од вирусот.

-ВМРО-ДПМНЕ не бега од избори, бегаме од жртвите кои може да настанат од актуелнава ситуација, инаку нашите членови велат дека треба да има избори што поскоро, затоа што СДСМ е полош од вирусот, вели доктор Николов.

Тој вели дека се наоѓаме во еден парадокс, а тој може да се расчисти само со ресетирање на системот.

-Се наоѓаме во фаза кога студентите по медицина се дома и специјализантите, кои можат да помогнат во здравствена едукација и да дадат импут во ситуацијава со вирусот. Кога влеговме во политиканство на вирусот Заев, Спасовски, Венко велеа дека имаат котрола на вирусот, но ние сме во една фаза на дезориентација каде ни треба комплетно ресетирање на системот, свежи идеи и луѓе кои ќе даваат соодветни информации кои што доаѓаат од терен, потенцираше Николов.

Во Комисијата за заразни болести побара да влезат професионалци, затоа што треба да се носат одлуки за доброто на граѓаните, не политиканство.

-По мене најбезбедно е да се оддржат изборите при кај на август или почеток на септември. А во однос на најавите за избори, моите најави за политичката кампања се дека време е ВМРО-ДПМНЕ да има 60+ пратеници, изјави доктор Николов за престојните избори.

Коронавирус