вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 174
home Вести

Доктор Николов: Недвосмислено е потребно да се зголеми бројот на тестирани граѓани

Доктор Николов: Недвосмислено е потребно да се зголеми бројот на тестирани граѓани

Колку и мал број тестови да се направат, бројката на ново дијагностицирани со Корона се движи од околу 7-10%. Доколку таа бројка се екстраполира на поширока популација јасно ќе стане дека бројката на позитивни пациенти ќе биде значително повисока, посочува доктор Игор Николов.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

За да се креираат политики, за да може да се добие вистинската епидемиолошка крива и неопходните епидемиолошки параметри врз основа на кои можат да се носат одлуки и да се спроведуваат политики, недвосмислено е потребно да се зголеми бројот на тестирани граѓани.

Особено е важно систематски да се тестираат ризичните групи како здравствените работници, полицајците кои се на терен, касиерите и оние кои што работат на шалтери каде контактираат голем број на луѓе, возачите на јавните сообраќајни претпријатија, воспитачките во градинките, итн.

Само еден случај кога некој од овие реизични групи би ја расејувал болеста и вирусот, може да не доведе до враќање на почетната состојба со епидемијата.

Во исто време потребно е да се подготват протоколи за секоја социјална активност која што значи реактивирање на животот на граѓаните. Потребно е здравствено просветување на граѓаните, а особено на оние кои што ги спроведуваат политиките.

Коронавирус