среда, 22. септември 2021. Вести денес: 152
home Вести

Доктор Јовчевски од Прилеп: Граѓаните знаат  на кој ќе ја дадат поддршката, од нивниот поглед се чита дека заедно ќе успееме!

Доктор Јовчевски од Прилеп: Граѓаните знаат  на кој ќе ја дадат поддршката, од нивниот поглед се чита дека заедно ќе успееме!

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, воедно и иден градоначалник на истиот град, Др. Борче Јовчевски на трибината за промоција на политики организирана од најголемата партија во Македонија, истакна дека е спремен во иднина да работи за сите оние кои го сакаат Прилеп.

-Кога се согласив да бидам кандидат за градоначалник на нашиот град, прва идеја ми беше и во иднина да продолжам да работам со истиот ентузиазам и да допридонесувам за сите кои го САКААТ Прилеп, за сегашните и идните генерации. Сум имал можност да го напуштам градот, но тоа не одговара на мојот карактер. Моето мото е дека каменот си тежи на местото! Зарем има поубаво место за еден прилепчанец, од местото во кое се родил, низ чии улици пораснал, низ чии школски клупи другарувал, од местото во кое живеел и дејствувал? Јас сум сигурен дека нема! Можеби сите не размислуваат вака, но сепак според мене најдобро е кога работиш и се ангажираш за своите сограѓани. И да знаете ќе ИМАМЕ МНОГУ ЗА РАБОТА. Кога велам многу, мислам на наредните 4 години, мислам на многу непреспиени ноќи изработувајќи, реализирајќи проекти, настани, инвестиции и заеднички успеси! Затоа што Прилеп и прилепчани го заслужуваат тоа, истакна Др. Јовчевски.

Тој меѓу другото вети дека прва негова задача како градоначалник ќе биде да се направи еден пресек, една ревизија на целокупното работење во минатите 4 години на локалната самоуправа  и јавните претпријатија.

-И како што велиме ние во Прилеп, за да имаме чиста сметка и долга љубов, прва задача ќе биде да се направи еден пресек, една ревизија на целокупното работење во минатите 4 години на локалната самоуправа  и јавните претпријатија. Мора да се знае каде бил потрошен секој ЕДЕН денар од граѓаните, буквално секој денар. Тоа мора да биде така, не само за да бидеме отчетни и за да почнеме од нула, туку за и ние да имаме НАМУС, што би рекле моите пријатели од Канатларци, односно, да можеме и по 4 години, повторно да ја побараме вашата поддршка за чесното и наменско трошење на буџетски средства, рече Др. Јовчевски.

Др. Јовчевски за него вели дека не е човек кој ветува нешто што е неостварливо.

-Не сум човек што го ветува тоа што е неостварливо, а најмалку сум човек што би излажал за нешто дека ќе биде реализирано, ако не сум целосно убеден дека тоа е изводливо. Сакам мојот мандат да биде мандат со ДЕЛА, а не со празни ветувања и зборови. Затоа не ЈАС, туку сите ВИЕ ќе  правите мои програми кои ќе бидат и ваши изаеднички. Ова ќе биде така, затоа што вашите проблеми се и мои проблеми, вашите проекти се и мои проекти, а воедно со тоа и  успехот ќе биде заеднички за сите нас. Она што ќе го ветиме во нашата програма, максимално ќе се потрудиме да го реализираме, рече тој и додаде:

-Недозволиво е во 21 век, Прилеп да се дави во смет. Недозволиво е да не бидат функционални новите прескапи автобуси и да се прашуваме дали прочистителната станица работи или не.

Доктор Јовчевски истакна дека е голем вљубеник во природата, и вети дека ќе залага Прилеп да стане зелена оаза, а вети и дека ќе ги намали бирократските лавиринти.

-Јас како голем вљубеник во природата, најискрено би се залагал Прилеп да стане зелена оаза, град со многу зеленила, пракови и места каде што секој граѓанин би ги уживал благодетите од природата.

Вечерва стојам тука пред вас, со чиста мисла и намера, за подобар Прилеп. Нашата визија ќе биде административните обврски и потреби на нашите сограѓани во Општината, да бидат завршени во рекорден рок. Да ги намалиме бирократските лавиринти кои значат време и пари. Задоволна странка ќе значи задоволен и горд жител на Прилеп, истакна Др. Јовчевски и порача:

-Народот знае на кој ќе ја даде поддршката! Го гледам тоа деновиве во искрениот поглед и жар во очите, на средбите кои ги имам со граѓаните кои ми пристапуваат секојдневно. Од нивниот поглед се чита ЗАЕДНО ЌЕ УСПЕЕМЕ!

Коронавирус