вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 15
home Вести

Доктор Гуржанова до Владата: Итно набавете вакцини, на колена да ги молите сите што ги одбивте кои сами ни понудија

Доктор Гуржанова до Владата: Итно набавете вакцини, на колена да ги молите сите што ги одбивте кои сами ни понудија

Докторката по гинакологија Татјана Гуржанова преку социјалните мрежи ја повика Владата итно да набави вакцини против коронавирус.

-Господа од Влада на РСМ, немате поголем приоритет во моментов од набавка на вакцини, хитно, најхитно, сега и денес!!!! (и не им се обраќам на моите колеги во Министерството за здравство затоа што го делат моето мислење до последен збор, но се немоќни бидејќи одлуките од повисоко доаѓаат) Заборавете на бирократија, размрдајте ја таа мрзелива администрација со брзи и вонредни закони да се регистрира и руска и кинеска и секаква вакцина, све е добредојдено, нема што да чекаме амин од EMA, за увоз на вакцини, или па несреќен Ковакс. Ќе одите и на колена ќе молите да ви достават! Сите тие што ги одбивте кога сами ни ја понудија, пишува на Фејсбук доктор Гуржанова.

Таа посочува дека по болниците цели семејства се легнати и се борат за живот. Тоа најдобро го знае бидејчи како што вели и самата лежела 10 дена во ГОБ 8 Септември.

-Јја гледав ламјата директно во очи. И тие што преживуваат уште долго се неспособни ни за работа ни за секојдневни активности. На персоналот од ГОБ 8 Септември ( сите до еден прележале и пак се на работа) до земја им се поклонувам. И немој некој антиваксер да ми залута на зидов или имунолог аматер а уште пострашно и најново викенд инженер по генетско инженерство, само ќе блокирам, нема да дискутирам, стои во објавата.

ЕУРО 2020

Македонија