недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 41
home Вести

Доктор Докиќ: Треба да се спремиме за уште полоши сценарија

Доктор Докиќ: Треба да се спремиме за уште полоши сценарија

Доктор Дејан Докиќ во гостувањето во Утрински брифинг апелираше дека македонскиот здравствен систем треба да се подготви за грижа на поголем број на пациенти.

-Тешко е да се прогнозира, бидејќи сите бранови ако ги анализирате имаа еден првичен нагол скок, па лесно паѓање, па повторно уште еден пик, како двогрба камила, но тешко е да предвидиме каде се наоѓаме во овој момент. Сите математички прогнози не секогаш излегуваат во реалноста. Треба да бидеме претпазливи и да се спремиме за уште поголем број на пациенти. Претпазливоста е најдобра и треба да се спремиме за уште полоши сценарија, за да не бидеме изненадени, додава Докиќ.

Локални избори 2021