четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Доктор Докиќ: Со висока температура и со ниска сатурација – веднаш на лекар!

Доктор Докиќ: Со висока температура и со ниска сатурација – веднаш на лекар!

Кај некои пациенти од се уште непознати причини настанува цитокисна бура, каде што имуниот одговор е преголем, неадекватен, несоодветен, и кај тие пациенти се користат други антиинфламаторни лекови, кортикостероиди пред се, некои моноклонални антитела, кои се достапни кај нас, од типот на тоцилисумаб, кои се користат во сузбивање на цитокинската бура, рече во разговор за Канал 5, д-р Дејан Докиќ.

-Многу е важно да се дојде навреме на лекар. Станува збор за оние случаи кои гледаме дека имаат висока температура, каде што состојбата се влошува, да не се чека да поминат денови, туку веднаш да се јават во тријажните центри, каде што лекари ќе проценат дали лицето е за хоспитализација или не. Особено важен фактор е нивото на сатурација во крвта, ако гледаат дека паѓа, веднаш треба да се обратат со барање за хоспитализација, тоа може да превенира смрт, рече Докиќ.

На прашањето за ефектот на вакцините, со оглед што умираат и вакцинирани граѓани, тој рече дека се уште вакцината во светски рамки се смета дека е средство со кои се превенираат смртни случаи и тешки слики.

-Да, има смртност од 10 до 11 отсто, но тоа е минорно, ризикот е мноу поголем кај невакцинираните, нагласи Докиќ.

Најнови вести

Локални избори 2021