петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 189
Во живо

Централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Штип

home Вести

Доктор Докиќ: И да имате нула антитела по прележан коронавирус – заштитени сте!

Доктор Докиќ: И да имате нула антитела по прележан коронавирус – заштитени сте!

Пулмологот Дејан Докиќ во гостување на телевизија Канал 5 рече дека тој е апсолутно против давање антибиотик на ковид-пациенти и посочи дека лицата кои го прележале ковид-19 и да немаат антитела, тие сепак имаат иминитет.

-Антителата природно опаѓаат со тек на време, но тоа не значи дека пациентите не се имуни. Еве можеби да дојдат до нула, но ако се направат имунолошки испитувања, тогаш ќе видите дека имате имунитет. Тие помнат и го неутрализираат вирусот. Да не се плашат, оние кои прележале ковид-19 и да немаат антитела, се заштитени. Допрва ќе треба да се истражува колку трае имунитетот од прележан ковид. Јас сум против давање антибиотици. Апсолутно нема никаква индикација да се даде антибиотик за вирусна инфекција. Напротив, може да штети, во фаворизирање на резистентни соеви. Нерационалното давање антибиотици доведе до поголема резистентност на одредни бактерии. Ние викаме дека не треба да се препишуваат, вели д-р Докиќ.

Коронавирус