четврток, 5. август 2021. Вести денес: 167
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

Доколу Рускоска знаела за 6-те милиони евра, за да не одговара зошто не постапила?!

Доколу Рускоска знаела за 6-те милиони евра, за да не одговара зошто не постапила?!

На платформата Јутјуб денеска се објавени два аудио материјали за случајот „Рекет“.

Снимките се поставени од анонимен профил со називот „Али Баба Тредичи“.

Обвинителката Вилма Рускоска за ТВ 24 изјави дека нелегално снимените разговори за „Рекет“ Обвинителството ги имало и ги пуштило во судница на рочиште затворено за јавноста. Според Рускоска, станува збор за исечоци од материјал во траење од 57 минути.

Тука сосема логично е да се постави прашањето за кое јавноста бара одговори. Имено, доколку Рускоска знаела за шесте милиони евра, колку што се слуша од денешните објавени аудио снимки, зошто не постапила за во иднина да не одговара, а и не повикала и други лица, се со цел вистината во целост да излезе на виделина.

Во денешните аудио материјали кој што беа објавени се слуша глас како бара 6 милиони евра за бизнисмен да биде пуштен на слобода, пишува денеска Нетпрес.

Инаку, вчера откако првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13 ја слушна пресудата, во својот збор пред судот рече дека парите од рекетот да ги бараат кај Зоран и Вице Заев а не кај него.

-Јас овој ден ќе го прогласам како ден на политичката кампања во Македонија. Донесовте политичка одлука. Рекетираните пари барајте ги кај Зоран и Вице Заев – кажа Јовановски по што судијката побара да биде изнесен надвор доколку не зборува за пресудата.

Во предметот „Рекет“ Бојан Јовановски и Катица Јанева добија вкупно 16годишна казна затвор, 9 години за првоосомничениот односно 7 години за Јанева.

Коронавирус