сабота, 28. март 2020. Вести денес: 90
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

„Дојде живот“ за ловџиите во Македонски Брод

„Дојде живот“ за ловџиите во Македонски Брод

До редакцијата на КУРИР се обратија група разочарани ловџии кои се пожалија на притисокот кои го вршат луѓе поврзани со власта при изборот на нов претседател на ловечкото друштво во Македонски Брод.

Имено при изборот на делегати за ловното друштво упаднал командирот на полициската станица во Македонски Брод со одредена група ново вработени полицајци, а еден од нив бил и братот на една пратеничка од Македонски Брод, а друг син и внук на градоначалникот на Македонски Брод и го нарушиле процесот на избор и вршеле притисок врз членовите.

На ден 04.09 2019 година во 18 часот во моментот кога требало да се одржи избор на делегатите во најголемата подружница на ловечкото друштво кои потоа требало да го изберат претседателот на ловечкото друштво се случило досега невиден преседан и упад во легитимноста на изборот на истите.

Имено од на никој член ловец необјасниви причини на лице место присуствувал командирот на Полициската станица во М. Брод и од него контролирани непосредно на последниот конкурс примени полицајци, братот на командирот, синот и внукот на градоначалникот, директорот на ЈКП Комуналец М. Брод како и негови општи работници од претпријатието, како и братот на пратеничката воедно и директор на Здравствениот дом во Македонски Брод кои со наводна уплата од прва рата која ја уплатуваат членовите ловци сакале и тие да учествуваат и да донесуваат одлуки за тоа кои да бидат избрани делегати.

Ова сето има една единствена цел за претседател да го изберат претходниот лидер на огранокот на СДСМ, стои во нивното отворено писмо од разочараните ловџии.