сабота, 17. април 2021. Вести денес: 82
home Вести

Дојде живот за криминалците: Власта секојдневно ги вади од затвор, а затвора мајки на мали деца

Последен во низата е Фадил Арслани, осуден на 11 и пол години затвор за предметот „Чекан“. Тој денеска е ослободен од затвор. Од Затворската управа за Алсат М ја потврдија веста велејќи дека за Арслани привремено е прекината мерката казна затвор поради неговата здравствена состојба.
Дојде живот за криминалците: Власта секојдневно ги вади од затвор, а затвора мајки на мали деца

Ослободување од затворска казна на околу 670 правосилно осудени лица на затвор до шест месеци, а за 3.097 лица ублажување на казната за 30 отсто, ова е предвидено со предлог законот за амнестија.

Изминатиов период јавноста е сведок дека со доаѓањето на Зоран Заев и СДСМ, на слобода се пуштаат осудени криминалци за тешки дела, а ваквата пракса продолжува од ден на ден и се зголемува бројот на лица кои власта ги ослободува.

Ослободен Фадил Арслани

Последен во низата е Фадил Арслани, осуден на 11 и пол години затвор за предметот „Чекан“. Тој денеска е ослободен од затвор. Од Затворската управа за Алсат М ја потврдија веста велејќи дека за Арслани привремено е прекината мерката казна затвор поради неговата здравствена состојба.

Во јули 2016 година лицата познати како лихвари од Гостивар добија вкупно 53 и пол години затвор. Вкупно беа осудени седум лица. Криминалната група, вклучена во случајот „Чекан“ опрерираше во регионот на Гостивар уште од 2008 година. Главно се занимавале со лихварство и на тој начин присвоиле противправна имотна добивка преку вршење на многу кривични дела. Тие позајмувале пари и преку искористување на тешката состојба на тие на кои им давале пари на заем, обезбедиле за себе претерана имотна корист.

За да го вратот заемот, физички ги малтретирале оштетените. Како дел од криминалната група од Гостивар од полицијата се гонети вкупно 21 лице.

И Чочоровска излезе од Идризово

Македонката со српска адреса Станислава Чочоровска Полетан која пред 10 години беше осудена на затворска казна откако во 2007 година  на граничниот премин „падна“ со 486 килограми кокаин вчера е пуштена од затворот Идризово.

Таа е осудена на 14,6 години затвор заедно со Алија Азировиќ, возачот во чиј камион беа пронајдени канти со поликолор, полни со дрога, но пуштена е заради лекување.

Ваков прекин на казната заради лекување доби и сопственикот на А1 Телевизија Велија Рамковски, како и Маријан Ефремов, екс разузнувач, осуден за случајот „Шпион“.

Прекинот на казната е во рок од 30 дена, по што за евентуалното продолжување ќе одлучи судот.

 

Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу беа ослободени предизборно

Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу во септември беа ослободени за да бидат ставени во погон за изборите.Причината поради која Агим Красниќи од Кондово беше осуден е изборни насилства. Прв пат по девет години, Агим Красниќи, познат по кондовската опсада на Скопје, влезе во своето село Кондово на 8-ми септември. Неговите соселани му посакаа добредојде, со пароли на кои што пишуваше „Добредојде команданту”, јавија медиумите.

Красниќи заедно со својата седумчлена вооружена дружина беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на тогашните парламентарни избори, поседување оружје и злосторничко здружување. Вкупно им беа изречени преку 50 години затвор.

Од затворот во Штип, дома за Куманово си замина Сејдиу. Тој повеќе од шест години беше во затворот осуден за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување. Требаше да одлежи 12 години, но на половина од казната доби зелено светло за излез од новиот премиер и неговите соработници. Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции.

„Здравствените проблеми“ тутунскиот бос ги лечеше во кафеана во Куманово од каде порача „Да живее Зоран Заев“, кој го ослободи од затвор.

На слобода и осудените за „Монструм“

На 1-ви декември, Врховниот суд одлучи обвинетите од „Монструм“ веднаш да бидат пуштени на слобода.

Во соопштението стои дека обвинетите Агим Исламиловиќ, Фејзи Азири, Тахи Азири и Сами Љута им се опредуваат мерки за претпазливост, забрана да го напуштаат градот, и два пати неделно да се јавуваат во Кривичен.

Недела претходно, Врховен ја укина пресудата за „Монструм“ и го врати предметот на повторно судење во Кривичен. Но, неделава од Кривичен повротно им го вратија предметот на Врховен, за тие да одлучат да за мерките.

 

Коронавирус